За фасадата на МЕПСО важел „градежниот“ закон – „ваљда нема да дувне ветер“

You must need to login..!

Опис

Ветерот со брзина од 100 километри на час, циклонот ЈАКОБ, корнеше дрвја, покриви од згради и оштети фасади на многу објекти. Една од нив беше и барокната фасада на МЕПСО, како и другите објекти од проектот Скопје 2014.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук утрово напиша дека ќе има одговорност за лудилото, алудирајќи на неквалитетно изградените објекти во проектот Скопје 2014.

-За Скопје 2014 …Причина повеќе за оние кои се сомневаа (за жал ги има, од сите политички провиниенции) дали треба да се реши Скопје 2014. Да се разбереме. Скопје 2014 мора да се реши. Сега и веднаш. Најбрутално. На истиот начин на кој што го силуваа нашиот град. Почнуваме после изборите. И да !!! Конечно да (ќе) има одговорност за ова лудило- напиша градоначалникот на Петре Шилегов.

Околу безбедноста на градбите, во Скопски агол гостуваше Мартин Пановски.

Кога ќе имате закон кога можете да изберете најевтино неминовно е дека нешто ќе пати. Колку што можев да видам на фасадата на МЕПСО немаат ставено клинови. Сите сакаат да заштедат и оставаме на „ваљда нема да дувне ветер“. Од аспект на колку е нешто добро изработено, сметајте дека тоа е најевтино, истакна Пановски и додаде дека е неминовна ревизија проектот Скопје 2014.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × four =