За првпат кај нас ќе се отвараат советувалишта за мажи насилници

You must need to login..!

Опис

За поголема безбедност на жртвите на насилство, организациите Реактор– истражување во акција и ХЕРА – Aсоцијација за здравствена едукација и истражување ќе отпочнат проект за воспоставување на советувалишни центри за превенција на насилство кај мажи и за работа со сторители на насилство.

„Со овој проект целиме кон мултипрофесионална превенција од родово базирано насилство, а проектот ќе започне со констатирање на состојбите преку широка консултација со надлежните институции, граѓанските организации и професионалците од областа, потоа ќе развиеме финансиски и технички концепт за отварање на советувалишни центри за мажи, за примарна превенција, односно за спречување на насилството пред да се случи и секундарна превенција, односно работа со сторители со фокус на безбедноста на жртвите“, вели за Утрински брифинг, Васка Лешоска, програмски координатор во Реактор.

Организацијата ќе спроведе истражувања за потребата од советувалишта за мажи во рамки на борбата против родово базираното и семејното насилство. Но предноста на сеопфатниот пристап кон превенцијата, како што вели Лешоска, е тоа што препознава дека насилството не се случува во вакуум, туку е рефлексија на јазот меѓу родовите кои што го предизвикуваат структурното насилство.

„Една од наједноставните статистика е онаа за вработеноста, според која 45,3 отсто од жените во работоспособна возраст во Република Северна Македонија се вработени, споредено со 63,7 отсто од мажите. Тоа значи дека јазот кај вработеноста е речиси 19 процентни поени што е двојно повеќе од просекот во Европа, а во руралните средини се зголемува и то 25 отсто. Значи поверојатно е жената да нема приход и замислете жена што преживува насилство во својот дом и која е економски зависна од насилникот, како ќе го напушти домот ако законот за социјална заштита предвидува еднократна парична помош од 15 илјади денари“, рече Лешоска.

Исто така, Реактор започна онлајн кампања за подигање на свеста против сексуалното вознемирување на работното место.

„Направивме истражување во 2019 година и според истата методологија го повторивме и оваа година зедно со други пет држави во западен Балкан: Косово, Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и она што за жал се потврдува е дека наодите се слични и две години подоцна и се индиција дека сексуалното вознемирување на работното место е вообичаена појава од секојдневно сексуализирање кое се тривијализира како хумор од колегите до посериозни форми поврзани со непријатни допирања или присилби за силување. Она што вознемирува е што многу малку од жртвите се осмелуваат да го пријават насилството“, вели Лешоска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 + 12 =