За пет проценти е зголемен медицинскиот отпад на Дрисла во време на ковид пандемија

You must need to login..!

Опис

Пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19 предизвика зголемување на количеството на депониран медицински отпад на депонијата Дрисла. Вкупното зголемување на отпадот во 2020 година е за пет проценти, што според директорот на Дрисла, Коста Начевски не е драстично зголемување, ако се земе во предвид дека Македонија речиси цела година е опфатена од пандемијата.

-Генерирањето на медицинскиот отпад во месеците кога во Македонија беше воведен полициски час беше намалено до 45 проценти. Во тој период не работеа и голем број клиники, ниту беше во функција Мој термин, што придонесе за намалување на отпадот. Зголемувањето на отпадот за апет проценти не е драстично зголемување, кое би можело да предизвика потешкотии во работењето на депонијата, рече Начевски во гостувањето на Утрински брифинг. Набавката на новата печка за медицински отпад се уште не е реализирана, додека сегашната печка е во функција но минатата година не било направено потребното сервисирање.

-Годинава имаме испланирано средства за генерален ремонт на печката, додека набавката на аутоклавот ќе почека бидејќи бевме принудени да направиме измени во текот на градбата поради недостатоци во самиот проект. Првично беше предвидено во објектот да се инсталира нов инцелератор, меѓутоа таа идеја е затворена уште во ноември 2019 година. Моравме да ги почитуваме законските регулативи, што значи да ставиме во планот за јавни набавки, набавка за измени во тек на градба.

Сега сме во завршна фаза имаме одобренија од Министерството за транспорт и врски. Очекувањата се дека оваа пролет аутоклавот ќе го пуштиме во функција, кој што ќе повлече и генерален сервис на постоечкиот инцелератор, објаснува Начевски. Претпријатието доби позитивен финансиски извештај за 2020 година од Град Скопје. Вратена е во функција механизацијата која е во сопственост на Дрисла, а прекинати се договорите со приватните градежни компании со што се заштедуваат 4 милиони денари на месечно ниво.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen − 3 =