За ветингот, клиентелизмот, непотизмот и партизацијата во јавниот сектор, разговор со проф. д-р Давидковски

You must need to login..!

Опис

Кај нас за жал изминативе 30 години некако не успеавме да направиме едно граѓанско општество, држава каде граѓаните ќе ги остваруваат на брз и лесен начин своите права, особено пред органите на администрацијата. За жал се повеќе и повеќе градиме една партизирана држава, така што видовме која политичка партија ќе дојде на власт, првите до 3.000 до 4.000 илјади раководни кадри во админситрацијата и пошироко во јавната администрација се менуваат. Тоа е лошо, бидејќи се прави без критериум, партизирано е и не е добро. Ние имаме европски закони и за сите закони добиваме одлични критики и препораки од европските експерти, но фали имплементација на истите, односно, според мене, треба да имаме политичка волја, пред се од оние што се носители на извршната власт, изјави во Утрински брифинг проф. Д-р Борче Давитковски.

Имаме доста органи, иамме ДКСК која што по посебна постапка е избрана. Од друга страна сега Владата затечена, бидејќи чувствуваат дека со оваа пандемија во самиот политички и економски систем мора да се реагира, па ставија посебен министер кој исклучиво ќе се бави со проблемот на корупцијата иако тоа е невообичаено за еввропски стандарди. Мислам дека новиот Закон за спречување на корупција и конфликт на интереси е добар, но кога се бираше комисијата, мислам дека на превентивниот карактер на комисијата, тој дел се заборави. Ја гледам Комисијата почна да добива манири на СЈО. Секој тред ден на телевизија, бомбастични изјави, се става во ситуација на обвинител, на судија и на извршител. Се дрзнуваат да решаваат и некој конкурс за избор на наставно звање, што не е нивно поле на дејствување. Она што е нивна основна работа – превенирањето, тие го заборавија, смета Давидковски.

Ветинг ако сакате да спроведете треба да се спроведе на целиот правосуден систем. Тука се судиите, судската администрација, обвинителите, адвокатите како јавна служба со устав загарантиурана. Тоа мора во пакет да оди. Јас не верувам дека ветингот ќе се реализира. Имаше еден совет на министерот за правда, каде бев и јас и таму истакнавме три клучни барања. Прво и помогнавме на Правда да се направи стратегија за реформа на правосудството кој доби брилијантни рецензии од Брисел. Второ јас инсиситрав д асе донесе закон за поништување на Законот за лустрација. Трето беше отпочнување псотапки за нааместените предемети. И четврто беше да се смени Законот за судски Совет, Собранието да може доколку судскиот Совет не му го усвои извештајот за работа, да биде разрешен. Ниедна од овие работи не се прифати, изјави проф. д-р Давидковски.

Ако се донесеше Законот за поништување на лустрацијата, сите судии од Управниот суд кои ги потврдиле решенијата на Комисијата за лустрација, за нив ќе се преиспитуваше работата и ќе се создадеа основи за разрешувања, додаде Давидковски.

Целиот разговор со проф. д-р Борче Давидковски, погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen − 12 =