Зајков: Ден претходно ништо не наговестуваше дека ќе има војна во Украина, а излезот од Украина беше трнлив

You must need to login..!

Опис

-Имав некои информации дека има политички проблеми. Некои ми викаа да не одам да играм во Украина. Но во разговор со повеќе луѓе одлучив да отидам, изјави за Утрински брифинг Ѓоко Зајков, македонски фудбалер од украинскиот ФК Ворскла Полтава.

-Подолг период сите медиуми пишуваа дека ќе има инвазија, но во клубот кај што сум се беше нормално. Раководството од клубот не смируваа дека ништо нема да биде, ни викаа да не читаме медиуми, а доколку нешто биде тоа ќе се случи на исток во Донбаск регионот и никој и од раководството не веруваше дека ова ќе се случи и сите бевме изненадени.

-Освен Украинци, има уште двајца странци кои не успеаја да се снајдат да заминат. Другите што сме странци се организиравм есо коли и успеавме да излеземе од државата. Дента кога го бомбардираа Киев ние успеавме да излеземе.

-Секој ден имаше тензии, но ние како сите спортисти ги работевме тренинзите и до последен ден нормално функциониравме, но сето тоа беше во страв, вели Зајков.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

11 − 5 =