Зајкова: Набљудувачката мисија за изборите во Бугарија има забелешка за брзата измена на изборниот законик

You must need to login..!

Опис

Собраниската делегација за наблудување на изборите во Бугарија како дел од мисијата на ОБСЕ се врати во земјава. Кога ја добивме поканата од парламентарното собрание за набљудување на изборите се двоумев но потоа одлучив да одам бидејќи како што нас Бугарија не држи под лупа сметам дека и ние нив треба исто така да ги држиме, и да видиме кјако ќе ги спроведат изборите.

Јас бев распределена во избирачките места во околината на Софија и можам да кажам дека изборите се одвиваа во многу мирна атмосфера и без некои нерегуларности. Забелешките на целокупната мисија се однесуваа на брзите измени на изборниот законик непосредно пре самиот чин на одржување на изборите и без притоа да се вклучи пошироката јавност. Има нотирано забелешки во медиумското известување дека преголем медиумски простор се оставало за владеачката ГЕРБ и имаше ситни забелешки во делот на поставеноста на машините на денот на гласањето односно поставеноста на некои од изборните места не гарантирале целосна тајност, вели за УБ Моника Зајкова од редовите на ЛДП.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty + nine =