Зачестени случаи на грабнување деца во бракоразводна постапка или по развод

You must need to login..!

Опис

Многу е тешко да споделите со некого дека сте жртва на било какво насилство, особено ако сте дете. Тоа е причина што многу мал број деца се осмелуваат да пријават насилство на СОС линијата „Ало Бушавко“, рече денеска во Утрински брифинг Климентина Добревска, координаторка на линијата.

  • Децата се многу чувствителни кога се жртви на насилство, имаат многу прашања на кои не можат да си дадат одговори, како на пример зошто им се случувало тоа и што ќе се случи доколку пријават. Често пати вината си ја препишуваат на самите себе. Затоа, ние преку „Ало Бушавко“ се обидуваме да се доближиме до нив и да им дадеме решение за проблемите, објаснува Добревска.

Изминатава година во период од десетина дена на СОС линијата имало повеќе јавувања за грабнување на деца, најчесто во бракоразводни парници

  • Ние како СОС линија сме должни да ги известиме надлежните органи за грабнувањето, веднаш штом ќе ја добиеме дојавата. Дел од случаите се веќе пријавени во полиција пред да бидат пријавени кај нас. Веднаш реагираме до центрите за социјални работи и сме во чекор со институциите за да ја следиме нивната работа. Жртвите ги упатуваме до центрите кои нудат бесплатна психо терапија со цел да им се помогне полесно да ги поминат траумите. Грабнувањата се најчесто од најблиските членови од семејството, или од родител кој е во бракоразводна постапка со партнерот или пак го изгубил старателството врз детето, или пак во полош случај од родител кој сака детето да го принуди на брак од интерес, информира Добревска.

Таа алармира дека значително е зголемен процентот на врсничко насилство.

  • Во нашата програма за мировно образование соработуваме училишта кои се опфатени со предавање против насилство и дискриминација, додава Климентина Добревска , координаторка на СОС линијата „Ало Бушавско“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 × 4 =