Зафировски: „Le Monde Diplomatique”не им повладува на читателите, туку создава содржини и читатели

You must need to login..!

Опис

Издавачот на „Le Monde Diplomatique” на македонски јазик, уледно списание кое кај нас излегува во дигитална форма, Сергеј Зафировски за Утрински брифинг вели дека е голем предизвик да се издава единствен магазин што излегува редовно секој месец.

-Има посетители на веб страната, но ние оставаме три пасуса од текстот да се гледаат бесплатно. Луѓето не знаат дека станува збор за големи анализи, вели Зафровски.

-Штом некој го отвора текстот, интерес има за содржините, но кога ќе стане збор за претплатата, која не е голема, 180 денари месечно, интересот застанува тука, вели Зафировски.

На последната конференција на издавачите на овој магазин во Париз, се разговарало за битноста на содржината и начинот на кој таа ќе се искомуницира во јавноста, без притоа типот на содржината да зависи од желбите на читателот.

-Ако една вест не се поклопува со идеологијата на некој чове, тогаш се прима за вистинита, ако не тогаш не е вистинита. А од друга страна, новинарите почнаа да создаваат такви вести затоа што се битни и финансиите. Ле Монд дипломатик не им повладува на читателите, туку создава содржини кои содзаваат читатели, вели Зафировски.

Тој вели дека нашите читатели се заинтересирани повеќе за регионот и затоа балканските изданија на магазинот се договориле да разменуваат текстови. Тоа ќе ги задоволи барањата на интересите, но истовремено ќе се промовираат и македонски автори во регионот.

За годинава се планира да се издадат книги со содржини од Ле Монд дипломатик.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

twelve + 4 =