Зафировски: Кризата ги приморува компаниите да ги решаваат проблемите со поголема брзина

You must need to login..!

Опис

Ние не сме ни свесни што пандемијата ќе значи за економијата. Се ќе биде поразлично. Сакавме да го процениме временскиот период на кризава која што трае, затоа што, пред се тоа е најважната информација.

Секако, колку и да звучи „нелогично” да го кажам ова, ваквите кризи до одреден степен претставуваат и можност. Едноставно ќе има “чистење” на многу компании, системските проблем ќе излезат на виделина и ваквата ситуација ги приморува компаниите да ги решаваат проблемите со поголема брзина.

Сите компании кои работеле непрофесионално или пак се провлекувале поради тоа што ситуацијата го овозможувала тоа, сега веќе или ќе се приспособат што со оглед на краткиот период е приближно невозможно или ќе затворат, изјави за Утрински брифинг Сергеј Зафировски, сопственик и CEO на Инсајдер ИД.

Ова донекаде, доколку се разбира успешно ја преживееме кризата, може за нас да преставува многу повеќе како можност отколку како закана.

Нема екстрем кој што е позитивен. На краток рок маркетите ќе имаат огромна продажба. Но овој раст на продажбата е најголем процент на производи што имаат долг рок на трање, така што тие продукти ќе испаднат во продажбата во наредниот период.

Големите маркети го дочекаа моментот за електронска продажба. Ќе имаат бенефит сите, но и тука ќе има влез на голем број на играчи. Ако ова трае подолго, на пример подолго од шест месеци електронската трговија може да им влезе во крвта на граѓаните, изјави за Утрински брифинг Сергеј Зафировски, сопственик и CEO на Инсајдер ИД.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 + 18 =