Зафировски: Во услови на криза има две опции – да клекнеш и да плачеш или да засукаш ракави и да работиш

You must need to login..!

Опис

-Преферирањето на тврдите дисконти во Македонија не е послдица заради финансиските можности на луѓето, едноставно тоа е тренд во Европа. Се случуваат и промени кај потрошувачите особено префрлање од традиционалните кон дигиталните канали на пазарење, изјави во Утрински брифинг Сергеј Зафировски – Сопственик на агенцијата за истражување на пазарот и стратегиски маркетинг Insider ID, менаџер и претприемач.

-Осврнувајќи се на е-трговијата, Зафировски смета дека има огромен раст во Македонија, но како што вели треба да стивне кризата за да се види реалниот раст.

-Имаме направено анализи за е-трговијата. Има и заклучоци . Зошто во Македонија нема голем развој на е-трговијата? Ние имаме многу време на располагање. Македонците имаат време да одат да пазарат во еден, втор трет маркет. Да споредуваат цени. Пазарењето е повеќе доживување од што е реална потреба, вели Зафировски кој смета дека довербата во интернетот ќе се зголеми додавајќи дека овој вид на трансакции во Северна Македонија е безбеден.

Целиот разговор во кој Зафировски говори и за ефектите на пандемијата од Ковид-19 врз домашната економија погледенте во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen + three =