🎥📞 Започнува со снимање долгометражниот филм, психолошката драма „Преекспонирано“

You must need to login..!

Опис

Режисерката Елеонора Венинова на крајот на неделава во Скопје и во Охрид ќе почне да го снима својот прв долгометражен филм „Преекспонирано“, по нејзино сценарио, во продукција на Гоце Кралевски од „ДНФ филмс“.

Станува збор за психолошка драма која е долгометражно деби на режисерката Елеонора Венинова, која го напиша и сценариото.

-Проблематична тинејџерка ги истражува темите на осаменост, отуѓеност и лицемерие, нарушувајќи ја рамнотежата на една брачна двојка откако ќе дојде кај нив на гости. Ова е сижето за новиот македонски игран филм.

Продуцентот, Гоце Кралевски од „ДНФ филмс“ вели дека неодамна, „Преекспонирано“ ја доби поддршката од Европскиот фонд за поддршка на кинематографијата „Еуроимаж“ и додава:

-Драго ми е дека успеваме, и во овој период на затишје за македонскиот филм поради пандемијава, да ги направиме финалните подготовки.. Имаме одлична екипа, која не само е професионална туку и строго се придружува на протоколите за заштита и верувам дека ќе се движиме според нашиот план. Локациите се веќе одбрани, а филмот, освен препознатливите пејзажи крај Охридското езеро, ќе го содржи и урбаниот дел на градот – ова е современа приказна – вели Кралевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen − 4 =