Започнува африканскиот МНОГУ ТОПОЛ бран – Славчо со деталите

image

You must need to login..!

Опис

Денеска, како и во следните денови нашата територија ќе се наоѓа под влијание на многу топла воздушна маса, која продира од северните предели на Африка.

Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец, максималните дневни температури особено од утре ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНА вредност и ќе има коефициент измеѓу 9 и 10. Во петок како и за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло додека максималните дневни температури, особено од утре ќе се искачат и до околу 37, 38 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten + twelve =