Занаетчиска комора: Услужните занаетчиски дејности не може да не работат во недела

You must need to login..!

Опис

Услужните занаетчиски дејности, како фризери, цвеќари, шминкери, кетеринг услуги не можат да не раотат во недела, доколку се изгласаат измените во Законот за работни односи со што недела ќе се прогласи за неработен ден, рече денеска во Утрински брифинг директорката на Комора на занаетчии на Град Скопје, Анета Атанасовска.

-Овие дејности им се неопходни на граѓаните, посебно за време на семејни веселби, и затоа сметаме дека не може да не работат во недела. Засегнати од овие измени се и секторите кои произведуваат храна, како пекарите, слаткарнците. Ние доставивме иницијатива до надлежните институзии и побаравме да се разгледа нашето барање. И досега имаше опција за дополнителна исплата на хонорар доколку работниците се ангажирани за работа во недела, но со донесувањето на Законот ќе значи дополнително финансиско оптеретување за малите бизниси кои и без тоа се многу погодени од ковид-кризата, рече Атанасовска.

Таа нагласи дека неопходно е занаетчиите да бидат вклучени во петтиод пакет мерки, како што беа вклучени во третиот и четвртиот пакет мерки, за исплата на плата. -Тоа се мали бизниси кои се соочуваат со намален обем на работа и пад на профитот. Во нормални услови никогаш не е барана помош. Занаетчиите беа опфатени во пакетот мерки од Владата за финансиска помош за самостојните вршители, односно за носителите на занаетчиските бизниси и плата за вработените, што се покажа како одличен начин да се исплатат плати на вработените, а со тоа да се спречи затворање на бизнисите. Исто така се покажа дека оваа мерка е најдобра за одржување на ликвидноста на занаетчискиите бизниси затоа што во кредитните линии на Развојна банка влегоа само реално оданочените занаетчии, за разлика од паушално оданочените кои што не со подобни апликанти, нагласи Атанасовска.

Ковид пандемијата го отежна и одржувањето на практичната настава во средните стручни училишта. Наставата се одржува само он лајн без можност за посета на угостителски, фризерски или друг вид на дејности, а тоа ќе значи една цела генерација со намалени стручни вештини. И покрај тоа има протоколи за одржување на практична настава, речиси воопшто таа не се реализира.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 + eight =