Занаетчиската комора бара законското решение недела како неработен ден да претрпи измени

You must need to login..!

Опис

Воведувањето на законското решение за недела неработен ден голем дел од работниците го дочекаа со радост, дел од нив бидејќи ќе може да одморат, а дел затоа што ќе може да си го наплатат трудот од работењето во недела.

Но занаетчиите пак алармираат неработната недела значително им ги намалила можностите за заработка поради што стравуваат за сопствените бизниси.

Проблемот велат е што согласно законското решение за голем дел од професиите нема можност да работат во недела.

За што всушност станува збор во Утрински брифинг разговаравме со Анета Атанасова извршен директор во Занаетчиска комора – Скопје.

-Законот е целосно неповолен за занаетчиите зошто се направија измени во два Закони – тоа е законот за работни односи и Законот за трговија.

Занаетчиите се сместени во Законот за работни односи, каде што се даде само на четири занаетчиски дејности да работат во недела и тоа на слаткари, пекари, фотографи и печатници. Се друго е исклучено да работи во недела.

-На терен се покажаа многу проблеми кај нашите членки, особено кај самостојните вршители на дејност, затоа што во Законот за работни односи не стои дека самостојните вршители на дејност како газди можат да работат, а во Законот за трговија има исклучок дека сопствениците на трговските објекти можат да работат.

-Законот се донесе време кога едвај занаетчиските бизниси успеваат да испливаат од оваа ковид криза која што трае веќе повеќе од две години.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

19 + 15 =