Занаетчиите се на раб на егзистенција, бараат поддршка од Владата

You must need to login..!

Опис

Изработувачите на филигран во Македонија, се едни од најиновативните во светот, но за жал поради пандемијата се повеќе опаѓа интересот да се купува овој рачно изработен накит, рече денеска во Утрински брифинг Елена Поповска, магистер по земјоделски науки, која пред неколку години навлегла во светот на занаетот.

  • Занаетчиите во време на пандемија се соочуваат со потешкотии околу функционирањето. Ние занаетчиите во овој период функционираме во вонредни услови. Еден од најголемите проблеми е набавката на репроматеријали и намалена продажба. За да се подобри успехот во работењето на занаетчиите, најважно е да се промени начинот на делување, односно да се следат модерните текови и начини за комуникација со клиентите, за што особено се залага Центарот за управување со промени. Преку неколку дневни обуки ни помогнаа да научиме и нови техники со кои ќе го зголемиме нашиот асортиман. Најголем акцент се стави на маркетингот односно на претставување пред публиката, вели Елена.

Коминикацијата со институциите се врши преку занаетчиската комора Скопје. Од соработката произлегло и училиштето за филигран, кое редовно го посетуваат голем број заинтересирани.

  • Курсот за изработка на филигран трае шест месеци, по што секој кој посветено работи може да почне самостојно да прави накит. Но, многу е подолг процесот од курсист да се претвориш во успешен занаетчија, мене за тоа ми беа потребни околу четири години. Филиграните се специфични за работа, за изработката на еден филигран понекогаш се потребни дури и неколку денови, вели Елена.

Таа нагласува дека на помалите занаетчии кои најчесто се самовработени им е неопходна поголема владина поддршка.

  • Успеавме да влеземе во пакетите мерки на Владата кои беа наменети за помош на економијата, но сметам дека на помалите занаетчии треба да им се даде поголема помош, бидејќи кога си помал и не многу влијателен во бизнисот потешко се прават договори за работа, потешко те прифаќаат клиентите, вели Елена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 4 =