Александрова: Нашето исклучување значи дека ВМРО-ДПМНЕ има слаб лидер

You must need to login..!

Опис

Бурно во Собранието, бурно и во Владата. Конечно стигна законот за ЈО и на комисиска расправа.

Синоќа во касните часови помина потребата за донесување на новиот закон за ЈО и воедно беше и закажана Комисијата за европски прашања која е едниствено надлежна да расправа по овој закон. Во деловникот е предвидено максимум три дена да расправа по овој закон за ЈО. Многу е битно дали ќе има и колку амндмани би имало. Но три дена се определени да се заврши расправата без оглед колку амндмани се поднесени. Јас немам информации дали ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани но знаат да изненадат со илјадници амандмани. изјави за Утрински брифинг, Емилија Александрова, пратеничка од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Алескандрова овој Закон е трета верзија пуштена во Собранието. Ние се залагавме овој Закон да биде донесен со консензус. Сметаме дека дијалогот е значајна порака која што би се пратила до ЕУ. Закон кој ќе имплементира законските норми и ќе допринесе за добивање на датум за почеток на преговорите. Јас би рекла дека двете најголеми партии тешко ги надминуваат своите црвени линии и власта како власт имам посебна тежина и одговорност, додека пак опозицијата мораше да покаже поголем капацитет и затоа сметам дека и двете страни имаат одговорност.

Еден од предлог амандманите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е Обвинителството да не може да ги заснова обвиненијата од прислушкуваните разговори за предмети по 30 јуни, додека се после 30 јуни би можеле овие материјали да се користат како индиции но не како и докази. Се она што не е поднесено а постои да се уништи и да не може да се користи. Јавноста доби перцепција дека сите овие работи одат во прилог на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Ангелова тоа е перцепцијата на јавноста, но вистината е друга.

Морам да потенцирам дека ние обезбедивме јавниот обвинител да се бира непосредно од обвинителската фела. Политичарите да ги тргнат рацете од судско-обвинителскиот систем. ја дефинираме и дисциплинската постапка. Да потсетам дека СЈО беше формирано и предвидено да има временски карактер од пет години. Во таа насока сакам да кажам дека околу Талир 1 и Талир 2 во член 108 предвидовме дека сите предмети кои беа во надлежност на СЈО се трансферираат во ЈО, но не и надлежностите, затоа што СЈО имаше времен карактер кој во септември истекува.

Сите инсинуации дека Талир 1 и 2 ќе заврши се тотално погрешни. Тие случаи ќе продолжат но само засновани врз материјални докази, вели Александрова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × one =