Заец: Преспанското Езеро е горлива тема – радува фактот што локалното население и јавноста почна да реагира

You must need to login..!

Опис

Преспанското Езеро е горлива тема во последната година. Водостојот е намален за три метри и е вечна болка за сите. Науката се уште нема доволно одговори за тоа што влијае врз моменталната состојба.

Нивото на Преспанскот езеро е флуктуирачко. Се случувало и претходно. Не радува што локалното население и јавноста почна да реагира.

Топлото и суво време, слабите дождови и снег, се најголемите фактори што го доведоа езерото до ваква состојба. На нивото на езерото влијаат и неодржливите земјоделски практики, исушувањето на блатата, иако сите сме сведоци на долгогодишните флуктуации на нивото на водата, таква е природата на езерото.

Сета вода што ја добива најмногу зависи од Преспанскиот Регион, од количеството на врнежи, а последниве години беа многу сушни, изјави за Утрински брифинг Даниела Заец, биолог.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen + three =