Заев: Опозицијата го држи во заложништво својот народ, потребно е помирување и работа во интерес на граѓаните

You must need to login..!

Опис

Запрашан за улогата на опозицијата која на моменти делува деструктивно во државата и постојано бара оставка од него, премиерот Зоран Заев за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ нагласи дека е крајно време со опозицијата заедно да се направи нешто добро.

-За жал национализмот е присутен насекаде по европскиот континент. И нашиот опонент игра на таква карта. И ова е една вечна борба – пркосот, кон колективното кон европското, кон живото наспроти чукање во градите под превезот на национализмот држејќи го во заложништво својот народ и прогресот на земјата. Ние 30 години видовме што значи тоа. Нашите граѓани очекуваат подобар живот за своите деца, рече Заев.

Како еден од проектите кој може да има обединувачки карактер со опозицијата премиерот Заев го потенцираше новиот Клинички центар, кој го посочи како можност кој е во интерес на сите граѓани во државата, особено во периодот на пандемија од ковид-19.

-Од духот на внатрешното помирување не смее да се откажеме. Малку сме, браќа сме. Во такви околности секогаш треба да правиме тенденции кад еможе да се помириме, да застанеме зад проекти. Дали е „За татковината со љубов“, дали е иницијативата во парламентот каде што Филипче разговара со сите за „Клиничкиот центар“. Луѓе и на Мицкоски, Села, Ахмети ни викаат – дајте еднаш застанете сите заедно зад една работа. И треба да не гледа народот. Во многу развиени земји сите застануваат заедно. Новиот Клинички центар е проект за здравството, за државата. Знаме дека еднаш засекогаш треба да го решиме. Втората работа е што доаѓа во време кога здравството е највисок приоритет за сите нас. Нашиот предлог е опозицијата да има мнозинство во таа комисија. Нека влезат, нека бидат коректив и заеднички да направиме нешто добро. Да оставиме една заедничка оставштина, вели Заев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 − 6 =