Заев: Минатото на мојот идентитет е мое право на самоопределување – не ја чепкајте жицата македонска

You must need to login..!

Опис

Зборувајќи за извесната разочараност која македонските граѓани ја почувствуваа по неговото интервју за БГНЕС, премиерот Зоран Заев  во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ нагласи дека секогаш постапувал европски и пријателски во односите со Бугарија.

-Јас сум должен да ги правам првите чекори, пробивајќи го снегот. Една работа е добра – во овие месеци малку повеќе дознавме едни за другите – ние Македонците за Бугарите и обратно. Тоа треба да се користи во позитивен аспект. Вчера се обратив многу отворено, бидејќи се уште постои еден антагонизам кој не е во функција на пријателството кое искрено сакаме да го изградиме и Македонија и Бугарија. Во едни такви околности го говорам она што нашиот народ го мисли. Растев со нашиот народ, тоа е мојот идентитетски код, така и се поставени работите во државата. Уште во 2013 година јас ја спомнав „македонската жица“ од еден македонски поет од Струмица каде се вели: „Можете да ми ја скинете жицата од гитарата, јас ќе протегнам нова и ќе продолжам да свирам. Можете да ми ја скинете жицата на која сопругата простира алиша. Ќе протегнам нова. Може да правите што сакате со било која жица, важна или не важна во мојот живот, но како на Господ ве молам – Не ја чепкајте жицата македонска, затоа што изгубен во времето ќе го барам семето одејќи по жицата“.

Ова го говорам затоа што во Бугарија викаат ние го признаваме македонскиот идентитет и јазик го признаваме, дајте да се навратиме на минатото. Знаете како и минатото на мојот идентитет е мое право на самоопределување. И затоа не е својствено друга земја да испишува ваша сопствена историја. Тоа не е европски, ни пријателски, рече Заев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight + 13 =