Жителите на Пржино собираат потписи за стопирање на сите спорни градби во населбата

You must need to login..!

Опис

Дино Чупевски и Ацо Антевски живеат во непосредна близина на локацијата каде што се поради изградба на нова зграда се сруши потпорниот ѕид во Пржино. Веќе еден месец заедно со останатите жители на населбата протестираат против изградбата на зградата, која какошто велат значително ќе им го уништи нормалното живеење, а покрај тоа укажуваат и на незаконско работење.

-Нашите барања се комплетно да се укине решението за градба на објектот, бидејќи е незаконски донесено решението за градба, да се направи мораториум на сите спортни објекти во цела населба. Дознавме дека се планира да се гради и на спортскиот објект „Славија“, кој што е единствено место за дружење на сите Пржинци. Бараме и ревизија на ДУП-от, што ќе вклучи партиципативно тело составено од архитекти од асоцијацијата на архитекти и претставници на грашаните на Пржино. Бараме и потранспарентна работа на месната заедница бидејќи е дискутабилно на кој начин се донел ДУП-от во 2016 година, поради што ги трпиме овие неправди, рече Чупевски.

Овие барања не се официјално доставени до Општина Кисела Вода, во моментов се собираат потписи од населението, по што во понеделник барањата ќе се достават како до Кисела Вода, така и до Град Скопје, Министерство за транспорт и врски и до Министерството за животна средина и просторно планирање. Досега се потпишани околу 800 луѓе на он лајн петицијата и 500 на хартија.

Според Ацо Антевски има големи пропусти при донесување на ДУП-от.

-Прво и основно, за оваа парцела се добиени четири маркици за градба, на место од една парцела, според стариот ДУП.Прашањето е дали тоа е привилегија на луѓе со партиски, роднински или бизнис врски. ДУП-от можеби е легален но не е легитимна постапката на која бил донесен. Бараме да ни каже кои советници гласале за да докажеме дека со врски е донесен ДУП-от. Се жалевме и пред Второстепена комисија за спорниот објект и успеавме да докажеме дека проектот не е добар. Меѓутоа, за наша несреќа со истиот проект инвеститорот доби одобрување за градба. Нашето прашање е како се сменија критериумите на Второстепената Комисија Најголемиот проблем е член 65а од Законот за градење кој што вели дека доколку ние се жалиме пред Управен суд и ја оспориме градбата и доколку го изгубиме процесот, инвеститорот може да не тужи нас, и ние ќе траба да платиме голема отштета, од околу 50.000 евра.Нас државата со тоа не репреира, не можеме да се побуниме и да се одбраниме од желбата за профит и пари на инвеститорите, вели Антевски.

Жителите на Пржино спас од неконтролираното градење ќе бараат и од градоначалникот Петре Шилегов и од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој е на местото на Горан Сугаревски, кој ја потпишал одбиена жалба за конкретната градба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 − seven =