Жителите на Ново Маало најавуваат протест и тужба ако се суспендира планот за градба

You must need to login..!

Опис

Жителите на Ново Маало се подготвуваат да излезат на протест доколку Општина Центар одлучи под притисок на јавноста да го суспендира Деталниот урбанистички план, кој дозволува изградба на комплексот „Гранд“ спроти Холидеј Ин. Игор Стојанов, жител на Ново Маало денеска во Утрински брифинг рече дека ова е одлична можност конечно и тие да добијат пристојни услови за живот, и дека нема да дозволат овој инвеститор да биде избркан.

-Во ДУП-от е предвидено тука да се изградат згради, значи и да не биде овој инвеститор, ќе биде друг. Изминативе 60 години ние бевме жртви на институциите кои си поигруваа со нас. Ние не смееме тука да заковаме ниту шајка, за да си ги подобриме условите за живот. Ние имаме право на сопственост, а тоа е уставно загарантирано право, и сега некои т.н. активисти сакаат да ни го  тоа право, вели Стојанов.

Тој нагласува дека просторот не е од јавен интерес, туку е наменет за домување. Како што нагласи, доколку Општина Центар одлучи да го суспендира, тие се подготвени да поднесат колективна тужба, а најавува и протести.

-Треба да разјасниме нешто, за тие кои не знаат. Овој простор не е од јавен интерес, тука има жители кои мора да добијат шанса за подобар живот. Што се однесува до зеленилото, инвеститорот е должен според Закон да обезбеди 20 проценти зеленило, но во случајот процентот на зеленило е зголемен, односно предвидено е 30 проценти зеленило. Ние потпишавме и петиција која ја доставивме и до Владата и до Општината, со која бараме веднаш да се донесе решение за градба. Не дај Боже Општината да помисли да го суспендира планот, ние сме подготвени на се, дури и на колективна тужба и секојдневни протести, предупредува Стојанов во име на сите Новомаалци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 + eight =