Жителите на Бутел протестираат против изградба на зграда висока 30 метри

You must need to login..!

Опис

Приватен инвеститор се подготвува да изгради висококатница во Бутел, на што реагираат жителите  кои живеат во близина на градежната парцела. Велат дека планираната градба од 30 метри ќе им го отежни функционирањето и живеењето, поради што вчера излегоа и на мирен протест.

Сејдула Алими, еден од организаторите на Иницијативата против изградба на висококатницата денеска во Утрински брифинг рече дека ќе продолжат да протестираат се додека не бидат прифатени нивните барања за намалување на катноста на објектот.

-Стапивме во контакт со инвеститорот, но тој немаше интерес ниту желба  да се сретне со нас. Станува збор за деветкатна зграда висока околу 30 метри, која ќе биде изградена во населено место со ниски куќи и значително ќе го отежни функционирањето и од аспект на патна инфраструктура, канализација но и пристап до куќите.

Планираме средба со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и од него да побараме да се намали катноста на зградата, рече Алими. Тој најавува масовен протест доколку општинарите не ги сослушаат нивните барања.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 − 4 =