Живко Поповски Цветин – здравичар за Бадник 2022

You must need to login..!

Опис

Здружението граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“ соопшти дека естрадниот уметник и композитор Александар Митевски, заедно со актерот Драган Спасов Дац, се новите кумови за прославата на Бадник 2022. Здравичар ќе биде уметникот и хуманист, Живко Поповски Цветин.

Тој денеска во Утрински брифинг зборуваше за прославата која ќе се одржи 29 година по ред.

  • Голема чест претставува за мене тоа што Одборот одлучи мене да ме избере за здравичар на манифестацијата. Јас за таа пригодав насликав и чаши за наздравување, за мене и за двајцата кумови. Кревајќи ја оваа чаша, и стоејќи на источната страна, од каде што изгрева сонцето, како што е редот, ќе наздравиме за здравје, мир, среќа, љубов, разбирање и простување. Манифестацијата ќе се одржи на Бадник, пред Соборниот храм Св. Климент Охридски.

На прославата за Бадник ќе и претходи посета на Говрлевската шума кога на 26 декември ќе се собираат Бадникови гранчиња.

  • Таму ќе се собереме сите, ќе бидат присутни кумовите на манифестацијата, а поканети ќе бидат да ни се придружат и сите граѓани кои ќе бидат послужени со греена ракија, вели Цветин.

Тој секоја година на Божиќ ја посетува Клиниката за гинекологија и акушерство каде што на новороденчињата им подарува слики, цвеќе на мирот.

Живко Поповски Цветин е познат по цртежите кои им ги подарува на граѓаните. Утре во 12 часот на улица Македонија тој ги повикува сите кои добиле негова слика да дојдат и да бидат дел од неговата изложба по повод Светскиот ден на Уницеф.

  • Во организација на здружението на просветни работници на Град Скопје ќе организираме мироцветна изложба на пријателството, каде што авторот не ги изложува своите слики, туку ги изложуваат тие што ги добиле. Станува збор за број од околу 5-6 илјади подарени слики. Ако дојдат барем дел од тие кои добиле мои слики ќе бидам среќен да си ги видам сликите кои ги доживувам како дечиња кои сум ги дал на чување, вели Цветин. Негова слика има добиено и рускиот претседател Владимир Путин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 4 =