Жерновски: Оптимист сум дека прогресивното мнозинство ќе состави влада

You must need to login..!

Опис

Какви се очекувањата за исходот од денешната парламентарна седница за интерпелација на владата, исходот од локалните избори и други актуелни теми, во денешен Утрински брифинг разговаравме со Андреј Жерновски, поранешен пратеник и поранешен градоначалник.

-Не сакам да шпекулирам, можам само да зборувам за двете можни сценарија од денешната седница. Сакам да изразам оптимизам дека владата ќе ја формираат проевропски и демократски сили, односно влада на СДСМ, вели Жерновски.

Тој се сомнева дека е можно опозицијата да собере доволно гласови за формирање влада.

-Ние видовме 61 потпис, не знам како се собрани, но се собрани за да се урне владата. Но, ако ги прашате дали имаат доволно гласови за формирање влада сите се повлекуваат. Таму се собрани групи кои имаат различни видувања за клучни работи и не можат да формираат влада. Но затоа, многу е веројатно дека новото мнозинство на СДСМ ќе претрпи промени, вели Жерновски.

Жерновски вели дека е погрешно што се споија локалните избори со централната власт, по што опозицијата почна да инсистира на оставка на премиерот Зоран Заев.

-Ова е еден суициден потег на опозицијата по победата на локалните избори. Тие не размислуваат за иднината на државата, размислуваат како да дојдат на власт. Но, граѓаните многу внимателно набљудуваат врз основа на што се прави мнозинство а без агенда и сигурен сум дека ќе бидат казнети на избори, коментира Жерновски.

Овие избори беа дијалог меѓу нас и гласачите, ја примивме пораката пред се за кадровската политика. Има доволно време за две и пол години да се коригираме, коментира Жерновски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 3 =