Жерновски: Неврзаната политика денес не поминува, ние сме членка на НАТО – Путин го „зближи“ западот

You must need to login..!

Опис

Лидерот на опозицијата Мицкоски вчера имаше потсмешлива изјава кон капацитетите на државниот систем, во смисла дека државата не е способна да извлече 50 луѓе од Украина, а камоли да испраќа војска.

-Не е точно тоа што го кажува Мицкоски. Нашата држава беше меѓу првите која ги предупреди нашите граѓани таму да ги предупредиме и дел да повлечеме уште пред да започне конфликтот. Погрешно е претседател на најголема опозициска партија да ја потценува својата држва, вели за Утрински брифинг Андреј Жерновски, поранешен заменик министер за надворешни работи.

Тој додава дека ние сме рамноправна членка на НАТО и нашиот глас таму вреди исто колку и грасовите на останатите 29 членки. Тоа што сме членка на НАТО во голема мера нѐ релаксира како држава, додава Жерновски.

-Ние ја осудивме агресијата, побаравме да прекинат воените дејствија уште првиот ден како и другите членки на НАТО, вели Жерновски. -Ќе се навикнеме дека за секое дејствие на НАТО ќе бидеме прашани и ние за став.

Жерновски вели дека во европските земји доаѓа до сериозно политичко прегрупирање. И десницата во Франција, Италија, Унгарија ги осуди нападите врз Украина. Тој додава дека и десницата во Македонија како и во други земји е под влијание на Москва, а владата на Груевски била директно поддржана од Русија.

-Операцијата за хибридна војна во Македонија е започната во 2006 година, кога се влезени руски разузнавачи и воспоставено медиумско влијание, вели Жерновски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

fourteen − five =