Женските организации денеска на Осмомомартовски марш, во 15 часот пред МВР

You must need to login..!

Опис

Платформата за родова еднаквост и оваа година го организира традиционалниот осмомартовски марш. Маршот започнува во 15 часот пред МВР а ќе заврши во паркот Жена борец. 

-Почнуваме пред МВР поради овогодинешниот фокус на маршот. Се фокусираме на родовобазираното насилство, а стимулирани сме од случувањата од Јавна соба. После една година не гледаме разрешница за овој случај. Но маршот ќе биде наменет и за подигнување на свеста за женските права воопшто, како работничките права на жените, безбедноста и овозможувањето на рамноправна позиција. Темата на маршот е „Држава што не постапува е држава што силува”, рече денеска во Утрински брифинг Калиа Димитрова од Хелсиншки комитет. 

Таа смета дека состојбата на жените во Македонија посебно е доведена во прашање во руралните средини, каде што и степенот на образование е на пониско ниво, но и повеќе се става акцент на улогата на жената во семејството. 

-Каква е состојбата на жената во нашето општество не можам да генерализирам. Сметам дека многу фактори влијаат на состојбата на жените кај нас. Жените од Скопје се во поголема предност во споредба со жените од малите градови и руралните средини. Но тоа никако е смее да биде така. Сите жени треба да имаат подеднакви права да се вработатат и да се образуваат. 45 проценти од жените во Македонија имаат доживеано некаква форма на физичко, сексуално или психичко насилство. Тоа е само показател уште колку пат треба да изодиме за да зборуваме за родова еднаквост, нагласи Димитрова. Оние кои не се во можност на Осмомартовскиот марш  да му се придружат пред МВР,  добредојдени ќе бидат во паркот Жена борец, каде што е планирано да има и обраќање на жени активистки за родова еднаквост.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eleven + 19 =