Женските бизниси се соочуваат со сериозни предизвици како резултат на ковид пандемијата

You must need to login..!

Опис

Ковид пандемијата несомнено предизвика бројни негативни влијанија врз женските бизниси започнувајќи од потрошувачката, производството, вложувањето во иновативни решенија… Дури и големите компании се соочија со сериозни предизвици да опстојат во услови на ковид, но најголемиот товар падна на малите бизниси. Големи тешкотии во процесот на деловното работење имаа малите женски бизниси кои покрај неизвесноста, намалувањето на профитабилноста и продажбата, беа изложени на дополнителни тешкотии во обид да направат баланс помеѓу работата и домот, ако се земе во предвид дека товарот за чување на старите лица и децата падна најмногу на жените. Токму поради таа причина, жените се соочуваат со големи потешкотии да опстојат на пазарот, рече денеска во Утрински брифинг Јасна Пајкоска од Центарот за управување со промени.

  • Потребно е да се креираат комплементарен сет на политики од страна на владините институции со цел поголема поддршка на женското претприемништво. Со оглед на тоа дека перспективите за економски раст покажуваат негативни влијанија врз домашната економија поради ковид пандемијата, сметаме дека се потребни брзи и координирани мерки и политики со цел да се ублажат директните влијанија на пандемијата врз женските бизниси. Особено значајни мерки за стимулирање на домашната економија се оние кои се насочени кон заштита на женските бизниси кои се соочуваат со големи загуби како резултат на економската неактивност. Поради тоа сметаме дека се потребни подлабоки институционални реформи за закрепнување кои би се користеле како стабилизатори во услови на криза, вели Пајкоска.

Таа нагласува дека ја очекуваат поддршката од владините институции за помош на жените претприемачи.

  • Очекуваме дека владините институции ова година во фокусот ќе имаат креирање подобри услови за работа на домашните компании и надминување на предизвиците за економски и одржлив развој кои произлегоа од пандемијата. Центарот за управување со промени интензивно работи на подготовка на предлог мерки и политики за подобрување на владината програма за поддршка на женското претприемништво. Дополнително, договоривме соработка со првата дама, Елизабета Георгиевска, како би ги промовирале и поддржале бизнисите во сопственост на жени, објаснува Пајкоска.

Во обид да им се помогне во зајакнување на бизнисите, на жените претприемачи чии сектори бележеа најголеми загуби за време на пандемијата им беше оджана и обука за дигитализација.

  • Во Охрид се одржа обука за дигитализација која произлезе од идентификуваните потреби на жените претприемачки да се стекнат со дополнителни знаења за дигиталниот маркетинг и он лајн продажбата која во услови на пандемија ќе им овозможи поголема продажба на производите. Се зголеми и свеста кај жените претприемачки за потребата за дигитализација. На обуката учествуваа жени кои се дел од менторската програма на проектот мерки за зајакнување на женските бизниси по Ковид 19, но и истовремено доаѓаат од сектори кои бележеа најголеми загуби во услови на ковид, информира Јасна Пајкоска од Центарот за управување со промени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

11 − four =