Ефтимов: Ќе се бориме за интересите на студентите, бидејќи ние зависиме од нив

You must need to login..!

Опис

Во минатото имавме една невладина организација, Студентски парламент – СПУК, кој што беше претставник на студентите но извадена надвор од Универзитетот и надвор од контрола на студентите.

Како невладина таа си се уредуваше со сопствени правила, си организираше сопствени избори и не беше под надзор на оние кои што всушност треба да ги претставува – студентите, ниту пак универзитетот.

Со Законот за Високо образование од 2018 година, Студентските собранија се интегрираа како тела во Универзитетот и соодветно на секој факултет.

Борјан Ефтимов во Утрински брифинг

Според Законот секој факултет треба да организира избори за студентски претставници. На крајот на 2019 година на сите факултети се избраа студентски претставници, изјави за Утрински брифинг Борјан Ефтимов, претседател на Студентскиот сојуз.

Сега, секој факултет по принцип на еднаквост има по двајца делегати. Сакам да кажам дека нема да молчиме. Ќе се бориме за интересите на студентите, бидејќи ние зависиме од нив, а не од некој друг.

Секој што ќе се стави наспроти интересите на студентите ние ќе влеземе во конфликт, доколку има потреба, вели Ефтимов.

Инаку, Борјан Ефтимов беше избран за претседател на Универзитетското-студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. ој доби 26 гласа, наспроти неговиот противкандидат Александар Ѓорѓиевски кој доби 15.

Гласањето се одвиваше во Ректоратот на УКИМ, во присуство на сите 46 членови (заедно со кандидатите) на факултетските-студентски собранија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × three =