Ефтимов: Не знаеме што е договорено меѓу Заев, Села и Гаши и затоа немаме став по прашањето за државјанство

You must need to login..!

Опис

По вчерашната средба која што се одвиваше меѓу лидерите на Алтернатива и Алијанса со премиерот Зоран Заев ослегоа со недефинирани изјави дека имаат напредок во однос на преговорите за законот за државјанство, меѓутоа немае конкретни и официјални предлози како тоа ќе се надмине и во кој формат истото ќе биде предложено.

Затоа ние како политичка партија се уште немае официјални предлози, и информации што всушност е договорено. Затоа се уште не можеме да дебатираме за тој дел по вчерашниот состанок.. Меѓутоа ВМРО – ДПМНЕ е подготвена да ги повлече овие амандмани доколку се изнајде соодветно прифатливо решение кое што ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија, а секако и со позитивните законски прописи на ЕУ бидејќи ние сме земја која пристапува кон унијата и нашето законодавство секогаш последните години од кога имаме кандидатски статус за членка на ЕУ го прилагодуваме на ова европско законодавство. Затоа мораме при донесувањето на сите овие закони да водиме сметка и во однос на усогласеноста со ова позитивно законско решение кое што ќе биде во согласност со позитивните законски прописи и на ЕУ, а секако и со Уставот на РМ, изјави за УБ пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Дејанчо Ефтомов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nine + thirteen =