Ефтимов: Недемократски и нетранспарентен избор на студент во Националниот совет за високо образование

You must need to login..!

Опис

Гостин во Утрински брифинг беше Претседателот на Универзитетското Студентско Собрание на УКИМ, Борјан Ефтимов, кој преку отворено писмо кое го објави на својот Фејсбук профил, обвини за нерегуларности и нетранспарентност при изборот на нов претставник во Националниот совет за високо образование.

Ефтимов истакна дека изборот поминал без дискусија и можност за проверка на единствениот кандидат.

Ова тело (Национален совет за високо образование) за прв пат ќе се формира. Гласот на студентот еден наспроти 14 не е многу силен. Но силно е тоа што тој студент внатре ќе претставува 50.000 студенти, така што останатите 14 членови ќе биде лудо да не го следат студентот тоа што го дискутира, бара.

Според Ефтимов, претседателите на Универзитетските студентски собранија биле против изборот на единствениот кандидат, претставникот на студентите не добил поддршка од студентите, а сепак бил изгласан со гласовите на ректорите и професорите.

Од Ректорот јас побарав од него да се распише конкурсот како би можел да се избере претставник на студентите. Ректорот потврди дека ќе го распишат конкурсот, „заборавајќи“ да ми каже дека конкурсот веќе е во тек, објавен на 3 октомври и истекува на 7 октомври.

Тука гледаме еден остаток од минатото, каде што студентските претставници се третирани како потрошен материјал, а не препознавање на студентите како еднаков субјект кој треба да ги има сите информации. Ние искажавме револт за начинот на кој што е распишан конкурсот, бидејќи не бевме инфомирани, односно дознавме кога завршил рокот. Одговорот на Ректорот на УКИМ на моите аргументи против изборот на единствениот кандидат изјави дека се е по прописи.

Ефтимов најви дека ќе се отвори постапка на овој конкурс како не целосно објавен и нецелосно споделен до студентите.

-Првично имаме мирно решавање на спорови и во рамки на Интеруниверзитетска конференција, за што сум скептик, второто е Управен суд.

Целиот разговор со Претседателот на Универзитетското Студентско Собрание, Бојан Ефтимов, погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 + 15 =