ЕУ е свесна дека Балканот се радикализира, ама не е заинтересирана за проширување – Збогум Европо или?

You must need to login..!

Опис

-Сега за сега нема да поднесено измени бидејќи не успеаја да се договорат на амбасадорско ниво. Македонија ќе биде меѓу првите точки на расправа утрово и се очекува бурна расправ. Главната спорна точка е што Бугарија сака да внесе експлицитна референца меѓу договорот за добрососедство и почетокот на преговорите. Бугарија инсистира на Република Северна Македонија, додека за сите други земји стои краткото име. Ние не седиме на таа маса и не можеме да се спротивставиме, вели Милевска за Утрински брифинг.

Малинка Ристевска-Јорданова, експерт за евроинтеграции, коментираше за расправата на Советот за општи работи на министрите на ЕУ.

-Ако Словенија реагира на барањата на Бугарија тоа би било процедурално, но ние нема да знаеме кој за што се залагал оти тоа се заедничкизаклучоци. Тешко е да се знае дали и кој бил за или против врзување на билатерален спор со приклучувањето, вели Ристевска-Јорданова.

Очигледно е дека процесот на започнување на приклучувањето ќе пропадне и ќе остане за јуни, но сега за сега нема расположение да се одвојат претпристаните процеси на Македонија и Албанија, вели Милевска и додава дека ЕУ има генерално проблем со политиката на проширување.

Некои извори велат дека постои можност Бугарија во јануари да го откочи процесот, но тоа да се направи со документ со одредени обврски за нас што би требало да се спроведат до септември.

-Бугарите ја тераат водата кон своја воденица. Тие не се поместуваат од нивната политика ние да признаеме дека имаме бугарско потекло. Крајно опасно е да се избрзува со давање на какви било отстапки кон Бугарија оти за тоа ќе има долгорочни последици, вели Ристевска-Јорданова.

Таа вели дека треба да се смени нашиот внатрешен и надворешен наратив и дека треба да сме свесни дека тој процес е долгорочен и дека не можеме да даваме концесии од совет до совет. Ристевска-Јорданова вели дека не смее да се заборави Преспанскиот договор зад кон застанаа сите во ЕУ и Бугарија не смее да се меша во тоа дали ќе користиме кратко или долго име. Со целиот овој спор со Бугарија ние го заборавивме процесот што треба да го спроведеме за евроинтеграција, вели Ристевска-Јорданова.

Ако не направиме промени на нашата политика, ако продолжиме со кусогледа политика, ќе живееме од совет до совет. ЕУ има проблем со проширувањето и за тоа треба да бидеме свесни заклучува Ристевска-Јорданова.

Целиот Балкан оди полека кон радикализација, па постојат стравувања дека политичката криза може да се претвори во нешто посериозно.

-Во ЕУ има некаква политичка свест за оваа ситуација, но нема волја да се дејствува. Свесни се во Франција дека постои можност за потенцијално катастрофални последици на Балканот, но никој не сака да спомене проширување, заклучува Милевска.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eighteen + 5 =