Етничка припадност во лични карти – про и контра ставови, разговор со пратеникот Фадил Зендели

You must need to login..!

Опис

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта, е дел од пакетот закони чии текстови Владата ги утврди на 19-ти јануари годинава, меѓу кои и Предлог-законот за изменување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, како и Предлог на закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Како што соопшти владината прес-служба, утврдувањето на овие текстови е поради усогласување со законските решенија во Законот за употреба на јазиците, како и од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ со патни исправи со новото уставно име на државата, запазувајќи го рокот наведен во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од 33 до 36 на Уставот на Република Северна Македонија.

По многу нејасни, а често и контрадикторни изјави дали ќе има ознака за етничка припадност со предложените нови законски измени, деновиве на виделина почнаа да се профилираат про и контра ставовите за етничката припадност во личните карти.

Досега поддршка за измените на БЕСА, покрај СДСМ, најавија и ДУИ и коалицијата Алијанса-Алтернатива. Од ВМРО-ДПМНЕ најпрвин се изјаснија дека ќе гласаат „за“, со цел во документ за лична идентификација граѓаните да можат да се произнесат како Македонци, но потоа поддршката беше повлечена, бидејќи во една од измените на БЕСА се прави и усогласување на обрасците за лични карти со новото уставно име – Република Северна Македонија.

Гостин во Утрински брифинг беше пратеникот од редовите на БЕСА, Фадил Зендели Зендели.

-Ова прашање не е од денеска, потекнува од претходниот мандат. Отидовме на предвремени избори и се очекуваше кога ќе почне парламентот да функционира ова прашање да се отвори. Со партнерите од коалицијата решивме ова прашање да се постави.

Не мислам дека со овој предлог нешто се оспорува или некому се наметнува нешто. Ако ја има и етниччката припадност во личната карта никој ништо не губи, тоа ќе важи за сите кои се во преамбулата од Уставот. Секој од граѓаните ќе има право ако не сака неговата етничка припадност да биде во личната карта, тоа и да го нема. И така имаме два вида на лични карти, на кирилица и на латиница и кирилица, вели Зендели.

Целиот разговор со пратеникот Зендели погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 + eleven =