Еротиката во народната култура – разговор со професорката Ана Мартиноска

You must need to login..!

Опис

Во издание на книгоиздателството Ми-Ан излезе од печат изборот од македонската народна еротика „(И)стории од долапот“. Изборот и предговорот се на Ана Мартиноска. Во книгата се презентирани македонски еротски приказни, песни, гатанки и пословици и претставува осветлување на овој не многу истражуван феномен од народната традиција.

„Книгата носи наслов „(И)стории од долапот“ затоа што ги содржи сведоштвата на народот од вековите, меѓутоа долапот упатува на скришни тајни места, значи ги претставува оние места кои од скриениот дел на културата треба сега да се откријат пред јавноста. Се разбира, ова не е прво објавување на македонска народна еротика, но сепак е ретко. Кај нас има само неколку збирки коишто се посветени на оваа тема, меѓу нив и една која што јас ја подготвив пред 13 години. При изборот се трудев жанровски да ги покријам сите делови на народната култура значи и македонските еротски песни кои биле дел од обредите, а најголем акцент е ставен на народните приказни бидејќи тие се најбројни и најраширени.

Преку овие умотворби можеме да добиеме порепрезентативна слика за тоа каков бил односот кон телесноста и кон сексуалноста во рамките на македонската народна култура, која ја замислуваме како конзервативна и патријахална, но има примери кои зборуваат за промискуитет или сексуални избори кои биле надвор од општествените норми“, вели за Утрински брифинг професорката Ана Мартиноска. Таа додава дека значајно место во овие еротски народни умотворби има хумрот.

„На исмејување често се изложени поповите, старците коишто имале големи сексуални апетити, вдовиците, царските ќерки. Има посебни социјални групи кои се особено на удар на хуморот. Во организација на Коалцијата Маргини и ЛГБТИ центарот за поддршка, професорката Ана Мартиноска, на 12 ноември, ќе одржи онлајн предавање на тема „(И)стории од долапот, македонски еротски фолклор“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen − thirteen =