Ермис Лафазановски: Времето на Марко Цепенков допрва доаѓа

You must need to login..!

Опис

Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ е една од најстарите институции во државата и со својот јубилеј – 70 години работа го одбележа со издавањето на монографијата „70 години Институт за фолклор „Марко Цепенков“ (1950-2020)“, која претставува темелен научен преглед на маједонскиот фолклор. Во монографијата поместен е и текстот „Делото на Марко Цепенков како инспирација за именувањето на Институтот за фолклор (По повод јубилејот 100 години од неговата смрт)“ од Ермис Лафазановски, директор на Институтот.

„Заедно со МАНУ одржавме симпозиум по повод 100-годишнината од смртта на Марко Цепенков затоа што сметаме дека тој е една од највлијателните личности за македонската култура и идентитет воопшто. И јас мислам дека Марко Цепенков е малку застапен во нашата култура, но не е чудо, затоа што тој и за време на својот живот беше некако заборавен па во првата половина на 20-от век воопшто и не се спомнува како собирач, само тие што ги објавувал од Прилеп во бугарското списание и толку. Благодарение на Блаже Конески и подоцна на Кирил Пенушлиски, собраните материјали на Цепенков го видоа светлото на денот, Институтот уште во 1972 година го има објавено собраниот материјал во редакција на Пенушлиски. Но мислам дека допрва доаѓа времето кога собраните материјали на Марко Цепенков уште повеќе ќе се истражуваат бидејќи во целиот 20-век тој беше сметан за основоположник на македонската традиционална култура.

Откога ги видовме материјалите на Цепенков, ние почнавме да се интересираме за нашето минато од пред 100, 200 години, з анашите обичаи, песни, приказни, легенди итн. Затоа мислам дека младиот научен кадар во иднина ќе направи уште повеќе откритија во врска со се’ уште неистраженото дело на Цепенков“, рече Лафазановски.

Во врска со информацијата дека Институтот за фолклор во изминатите 10 години немал добиено пари од надлежното Министерство за образование и наука за научно- истражувачка дејност, Лафазановски рече дека има уверување дека конечно оваа година или следната ќе профункционира финансирањето на научните проекти и ќе се отворат можности за вработување на млади научници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen − fifteen =