Емил Павлов за УБ: Имам големи шанси за А-норма и пласман на ОИ во Токио

You must need to login..!

Опис

Светската карате федерија му посвети видео на најдобриот македонски каратист на сите времиња, Емил Павлов. Тие на социјалните мрежи споделија видео од поенот со кој Павлов стигна до европската титула.

И Комисијата за избор на спортист на годината во Општина Штип му оддаде признание и по шести пат го избра Павлов за спортист на годината на овој град.

Она што го очекува Павлов е тешка година во која главна цел е остварување на А-норма и пласман на ЛОИ во Токио каде ќе се обиде на Македонија да и донесе прва медал од игрите по пауза од 21 година и бронзата на Могамед Ибрагимов во Сиднеј.

Гостин во Утрински брифинг беше Павлов за кого ова признание претставува голема чест и додава дека наградата е признание за освојувањето на златниот медал на Карате 1 Премиер лигата во Салзбург, Австрија.

Сите награди ми се со поддеднакво значење, но сетоа тоа е заради пожртвуваност и работа, но секако преставува голема мотивација да продолжам со она што го работам. Ме радува што после секој мој голем успех расте бројот на запишани дечиња во школите за карате. Има се поголема заинтересираност, но не само поради мојот успех, туку и заради тренерите. Градоначалникот на Штип и поранешен каратист Д-р Сашко Николов, се надевам дека повеќе ќе се вложи и ќе го направи спортот уште попопуларен, вели Павлов.

Можам да кажам дека имавме тешка година. Скоро сите големи натпреварувања беа откажани, но што е тука тука е. На оваа корона состојба се фокусирав на подобрување н амоите техники, санирав неколку повреди. Сега се чуствувам спремен и со нетрпение очекувам да запшочнат натпреварите, вели Павлов.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen − 18 =