Елена Данова: Младите се’ повеќе ја сфаќаат родовата еднаквост, но претстои уште долг пат

You must need to login..!

Опис

Иако кај младите луѓе се гледа позитивен тренд кога се работи за нивната прогресивност и отвореност кон правата на жените, тој напредок е се’ уште многу бавен, смета Елена Данова од Здружението за едукативен развој „Еквалис“.

„Институциите и сите други би требало да работат со младите многу повеќе кога станува збор за унапредувањето на женските права, како и правата на ЛГБТИ заедницата. Еве на пример, на Парадата на гордоста што се одржа во Скопје, први кои пристигнаа и се пријавија да учествуваат беа младите и тоа ни дава надеж дека тие стануваат се’ похрабри и се осмелуваат да бидат автентични, да ги побараат своите права и од ова општество да побараат еднаквост за сите. Но, кога се работи за родовата еднаквост има уште долг пат да се помине до целта што ја посакуваме. Секаде во нашето општество доминираат мажите и кога зборуваме за возрасните, но и кога станува збор за младите. Ние како организација се обидуваме да ги охрабруваме младите девојки и жени да се вклучуваат во активности кои што можат да ги донесат на лидерски позиции, затоа што во македонското општество, во политичката и јавната сфера очигледно е дека очајно ни се потребни жени на водечки позиции.

Благодарение на тоа што темата за родовата еднаквост се’ почесто наоѓа место во медиумите, а и има повеќе организации кои се занимаваат со ова прашање, младите се’ повеќе почнуваат да разбираат дека тоа не значи борба против машкиот род, туку значи ослободување на жените и создавање на вистински услови за да младите девојки можат да напредуваат, особено во кариерата, да се чувствуваат слободно и да го учат и да го работат она што го сакаат. Дел од програмите на Еквалис е обука на која ќе работиме на учење на демократија и младинско учество во претставничките тела особено на средношколците. Во рамки на тие обуки ќе се фокусираме на феминистичките перспективи, односно како девојките и младите жени да се вклучат во претставничките тела на средношколците и тоа на лидерски позиции, затоа што тоа се можеби идните праенички, министерки, па и премиерки“, вели за Утрински брифинг, Данова од „Еквалис“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seven + five =