🎥📞 Електроакустичен концерт на пијанистката Дуња Иванова

You must need to login..!

Опис

-Сите оние кои имаат контакт со јавната сцена знаат колку овие 3-4 месеци за нас беа едно големо искушение, изјави за Утрински брифинг пијанистката Дуња Иванова.

Вечерва, со почеток во 21 часот, на платото пред Младинскиот културен центар во Скопје, пијанистката Дуња Иванова ќе одржи солистички концерт со музиката на исклучителниот германски композитор Макс Рихтер и делата на македонската авангардна композиторка Ана Пандевска.

На програмата се композициите за соло-пијано на Рихтер меѓу кои: „Andras“, „The Family“, „Departure“, „Infra 3“ напишани во минималистички манир, како и музиката за пијано и лента на Пандевска како: „Landscape atmosphere“, „Life in a box“ и „Квази бурлеска“.

Концертот претставува дел од Годишната програма на Министерството за култура за 2020 година, а се реализира со поддршка на Младинскиот културен центар – Скопје. Публиката ќе биде во ограничен број, следењето на концертот ќе се одвива на предвидена дистанца и со заштитна опрема во согласност со протоколите одредени од Министерството за здравство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 − two =