Екслузивно: Анкета на БРИМА за Утрински брифинг и Слободен печат – СДСМ во водство пред ВМРО-ДПМНЕ, разговор со аналитичарот Петар Арсовски

You must need to login..!

Опис

Редовниот политички барометар на агенцијата „Брима“ за политичките ставови на населението во Република Северна Македонија во пресрет на локалните избори во државата е теренско истражување, спроведено во периодот од 27 август до 9 септември годинава на национално репрезентативен примерок (анкетата е направена според методот лице-в-лице, во домот на испитаникот), со запазаување на сите демографски карактеристики на популација од 18+ години во државата, во која се опфатени 1.201 испитаници. Резултатите се со маргина на грешка од +/- 2,8%.

И во оваа анкета – и покрај, генерално, ниските рејтинзи на политичарите – најпопуларниот политички лидер во Македонија е Зоран Заев, кој со своите 11,8% од поддршката на анкетираните убедливо води пред лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски (7%). Меѓу етничките албански политичари, пак, „трката“ е нешто потесна, иако Ахмети со 5,9% и Биљал Касами со 4,4% го предводат „дуетот“ во власта, пред опозиционерите Зијадин Села (4,1%) и Африм Гаши (0,4%).

Испитаниците беа запрашани и за тоа „За кандидат на која политичка партија би гласале за градоначалник на вашата општина на претстојните локални избори?“, по што 19,8% би гласале за кандидат на СДСМ, 17,7% за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, 7,5% за ДУИ, 5,6% за Алијансата на Албанците, 4,6% за Движењето БЕСА, 3,3% за Левица итн. Занимливо, во овој момент 2,4% се изјаснуваат дека ќе гласаат за независен кандидат, а 8,8% се изјаснуваат дека нема да гласаат. Сепак, околу една четвртина се во категорија „неизјаснети“, односно 13% велат дека се „неодлучни“, 3,7% велат„не знам“, а 7,4% експлицитно „одбиваат да одговорат“.

Токму за анкетата на Брима направена за Утрински брифинг и Слободен печат гостин во УБ беше политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

-Интересно е што ковид кризата не му наштети на рејтингот на Филипче. Што се однесува до прашањата кој е најважен проблем – три главни теми доминираат – економија, владеење на право, ковид.

Меѓуетничките теми кои за нас долго време беа главен фокус на политиката сега се веќе заборавени од граѓаните. Тие се веќе апсолвирани, можеби затоа што двете најголеми македонски политички партии го скршија табуто и направија предизборни коалции со албанските политички партии.

Што се однесува до партиските соодноси, предвидувањата беа дека СДСМ ќе се стабилизира на мала но непомерлива разлика пред ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе бидат потребни поголеми варијабли за да суштински да се промени – значи СДСМ нешто сериозно да згреши или ВМРО-ДПМНЕ нешто сериозно да се реформира, смета Арсовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eleven − five =