Еко-активистот Џафери дециден: Нема да дозволиме работа на „Југохром“ без поставување на филтрите

You must need to login..!

Опис

Раководството на „Југохром“ најави рестарт на фабриката наесен, доколку успеат да ја довршат изградбата на филтерот за пречистување на фабричкиот оџак. Депонијата со рудна згура која му припаѓа на некогашниот полошки металуршки гигант, веќе со децении претставува еден од главните еколошки проблеми во земјава.

Гостин во Утрински брифинг беше еко активистот Аријанит Џафери.

Југохром моментално не работи. Секогаш кога доаѓаат избори се ветува дека ќе се отвори. Но Југохром нема да се отвори без надградба на системот на производство. Граѓаните на Тетово предолго го трпеа загадувањето предизвикано од Југохром и нема да дозволат работа без да се постават филтрите, како и без независен мониторинг за користење на тие филтри, изјави Џафери.

Откако се затвори Југохром од 2016 навака загадувањето е за 60% намалено и граѓаните ја знаат таа разлика.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 2 =