Кучи: Поголема солидарност од бизнис заедницата – сега треба да се преживее, потоа профит

You must need to login..!

Опис

Влијанието на економското цунами предизвикано од Коронавирусот. Светските банкари се обидуваат да го амортизираат можниот бран од економска катастрофа. Што може да очекуваме во време на рецесиони навестувања во однос на економскиот баланс, развој итн…

Гостин во Утрински брифинг, беше бизнисменот и еден од основачите на комората на Северо-западна Македонија, Мендерес Кучи.

Ако во 2001 двоевме воен данок, зошто тоа да не го направиме денес на солидарна база кога никој не не приморува на ништо и не само да бараме од државата нешто само за да ја притиснеме.

Со оглед на околностите некои бизниси ќе сакаат од ова и да ќаруваат. Мора да кажам дека државата е е обликативна да создава услови да правиме бизнис, а вредностите ги правиме ние, изјави Кучи на прашањето дали бизнис заедницата покажува степен на солидарност во општествените-турбулентни времиња.

На сите треба на ни биде битно нашето здравје и здравјето на нашите работници без кое не би можело да се замисли еден прозиводен циклус или било каква активност каде што е потребна работната рака и вештина. Затоа треба да има фер однос работодавец-вработен и вице-верса, рече Кучи околу личниот пример во кризнава ситуација.

Има бизниси кои во овој период ќе страдаат повеќе. Што се однесува до актулените мерки кои државата ги спроведува, треба да се размисли на таа тема, да се разговара и со деловните банки за поддршка од нивна страна, говорејќи за државниот интервенционизам во обид да се спречи финансиска експлозија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen + two =