Економските предизвици за време на пандемија и после ветото од Бугарија, разговор со Мирче Јовановски

You must need to login..!

Опис

Се наоѓаме во една специфична ситуација – последиците кои ги предизвика падемијата, дополнително и неуспехот да добиеме датум за преговори со ЕУ. Мислам дека нас не чека тешка и неизвесна 2021 година. И покрај тоа што владата вели дека буџетот е во добра кондиција, дека се обезбедени средства и за натамошно функционирање, мислам дека ветото кое го стави Бугарија за нашиот процес на евро-интеграции ќе има далекусежни економски последици, изјави во Утрински брифинг Мирче Јовановски, новинар, економски аналитичар.

Она што јас го гледам како најголема опаност од потегот на Бугарија е евентуалното нарушување на кредитниот рејтинг на Македонија. Со овој дополнителен удар можно е кредитниот агенции да го намалат кредитниот рејтинг.

Целот разговор со Јовановски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four − two =