🎥 Економска понуда без реални финансиски извори

You must need to login..!

Опис

Моралот и етиката одамна се заминати од државата. Сетете се кога последен пат министер си дал од морална причина. Во политиката етиката е отидена по жаволите, слично е и со бизнисот. Ќе се направи грешка и таа се префрла на друг. Етиката е замината од Македонија барем 20 години и за да го вратиме тој воз треба да ги вратиме другите параметри назад. Кај нас најголемата грешка ја направи бизнис заедницата кога проба да ја стави власта под нозе. Такви проби имаме 6 или 7 кои сакаа да бидат најголеми. Но кога носите две лубениц под една мишка не оди. Во политиката може да добиете моќ, а во бизнисот пари. Оној момент кога сакаа и ги споија моќта и парите не влегоа во една лубеница, туку во две. И тука паднаа и двете, изјави во Утрински брифинг, Горан Рафајловски, стопанственик.

Државата не ги купува бизнисмените, туку неколку бизнисмени. Но кај нас се заборави основната економска логика. Основната економска логика не е тројца да поскаат да одлетаат во вселената, бидејќи кога ќе одлетате вие носите екипаж, ништо друго. Поготово кога носите млади луѓе тие ги забораваат и телефоните и контактите, бидејќи сметаат дека таму ќе останат вечно. Кога ќе паднат на земја нема да знаат ни каде да се ниту да се снајдат во животот, вели Рафајловски.

Ги прочитав двете политички програми. Основната негација е што со оној пораст што треба да го доживееме во наредните години не можат да се остварат поголем дел од мерките што се замислени. Таа разлика е драматично поголема кај СДСМ. Кај ВМРО-ДПМНЕ е малку постабилна во однос на очекувањата и желбите. Затоа кога се прават математиките и желбите подобро е да се сведат на нешто помалко, но желбата да му се удоволи на гласачкото тело води кон грешка и нереални ветувања, изјави во Утрински брифинг стопанственикот Рафајловски.

-Имаме 40% сива економија. Ако успееме сивата економија со сериозно репресивни мерки да ја намалиме 8 до 10 посто, па и подносливи 12% јас верувам дека ова стопанство што работи ќе рипне многу, заради тоа што ќе нема конкуренција од некој што му прави дампинг цена. Тоа во каса може да донесе 25 до 30% приходи во наредните години. И тука се враќаме во политиката – Ако албанскиот кампус бара премиер тогаш го молам да си го плаќа данокот во државата и да си ги натера сопствените гласачи да си го платат данокот. Да не живеат во паралелен свет каде што само бараат а не даваат, вели Рафајловски.

Целиот разговор со Горан Рафајловски погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 − 5 =