Ева Цветковска: Се отвора Студентски културен центар

You must need to login..!

Опис

Со стартот на следната академска година, Универзитетското студентско собрание при УКИМ најавува отворање на Студентски културен центар.

Овој центар ќе претставува мултифункционален простор, каде младите ќе можат да работат и учат, но и да уживаат во богата културна програма креирана од самите студенти, простор кој на студентите ќе им овозможи да се организираат, дејствуваат и творат.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со Ева Цветковска актуелен претседател на Универзитетското студентско собрание при УКИМ.

-Универзитетското студентско собрание при УКИМ ги отвора своите врати. Онаму каде што до сега работевме како Собрание, сега ќе работиме заедно со студентите.

-Опремата ќе биде мобилна, така што сите студенти кои што ќе сакаат да ја искористат, да имаат свирка, изложба или претстава во некој друг град или надвор од земјата, ќе можат слободно да ја земат и да ја искористат за културен настан.

-Целата програма ќе биде создадена од самите студенти и Културниот центар ќе биде управуван од самите студенти, вели Цветковска која додава дека ова е прв Студентски културен центар во државава.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 + fourteen =