Д-р. Чибишев од Токсикологија: На клиниката мора да има обезбедување поради честите инциденти

You must need to login..!

Опис

Условите за работа во Клиниката за Токсикологија се приспособени за работа во време на пандемија. За време на Новогодишните и Божиќните празници очекувавме поголем наплив на пациенти, и бевме подговени за прием на пациентите, но за среќа за време на празниците на Токсикологија беше мирно, дежурните екипи се соочуваа само со вообичаена патологија, рече денеска во Утрински брифинг доктор Андон Чибишев.

-Ние сме секојдневно под голем притисок на пациенти, многу пациенти од цела држава секојдневно доаѓаат на Клиниката за токсикологија. Често пати придружниците на пациентите знаат да бидат насилни и нетрпеливи, со желба нивниот близок да биде веднаш прегледан. Настануваат непријатни ситуации кои предизвикуваат инциденти. Ние во неколку наврати како стручен колегиум баравме да ни се обезбеди 24 часовно обезбедување кое ќе ги заштити вработените од немили настани.До денес немаме добиено обезбедување иако во моментов имаме обезбедување од АРМ, сепак тоа не е доволно, неопходно е постојано обезбедување на дежурните екипи на Токсикологија, вели доктор Чибишев. 

Тој додава дека алармантна е состојбата со труењата, пред се намерни

. -Над 95 проценти од труењата на Клиниката за токсикологија се намерни односно самоубиствени. Има голема зачестеност на труења, најмногу со медикаменти, со средства за чистење и други хемиски супстанци. А, само околу 5 проценти се ненамерни труења, и тоа најмногу кај деца, кои ги згрижува Клиниката за детски болести. Се случуваат и ненамерни труења, но тие се поретки. Во научните европски кугови Клиниката за токсикологија важи за една од најспремните клиники која третира акутни труења. Благодарение на посветеноста и подготвеноста на екипите голем процент од затруените успеваат и да се спасат.

-Сите пациенти кои имаат проблеми од интерна медицина прво доаѓаат кај нас, откако ќе биде истретиран се одлучува дали ќе се лекува на нашата клиника или во сродните клиники. Покрај тоа ние сме и триажен ковид центар, додаде доктор Чибишев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 − 4 =