Д-р Стојановски: Војната во Украина мора да ја перцепираме и како ситуација која ќе рефлектира многу негативни појави и во иднина

You must need to login..!

Опис

За кризата со бегалците од Украина кои ги има меѓу 2 и 4 милиони на западната граница кон Полска; за корупција во време на санкции и другите негативни појави од и по војната во Украина во денешен Утрински брифинг разговаравме со д-р Трпе Стојановски, од Глобална иницијатива која се занимава со глобални безбедности аспекти, но и аспекти поврзани со корупција, бегалски кризи и слично.

-Станува збор за воена агресија незабележана од Втората светска војна. Секое човечко суштество од Украина се обидува да замине, остануваат само мажите. Треба да се очекува дека овој бран бегалци ќе продолжи и дека во следните триесетина дена може да се очекува уште толкав број бгалци, вели Стојановски.

За предизвиците за бегалците Стојановски вели дека се бројни. Сега некои земји кои беа против прием на бегалци се наоѓаат во позиција да бидат соседни земји, но пристапот им е поинаков и ги прифаќаат бегалците и им се овозможжуваат права како резидентните жители во следните 18 до 24 месеци. Стојановски вели дека тоа е добро за некои идни слични состојби.

-Европа ќе ги прифати сите бегалци кои ќе се појават на границите на ЕУ и во однос на нивните потреби ќе прифаќаат бегалци. Тоа е оптварување за земјите домаќини, но ЕУ е искусна во тоа да го олесни товарот на домаќините. Најголемиот товар го имаат украинските бегалци чиишто семејства се разделени и се соочуваат со нови средини и нови ситуции, вели Стојановски.

За Македонија тој вели дека не е таргет на бегалците. Можно е да да има повеќе симболични случаи како што се семества од мешани бракови или бизнис партнерства.

-Балканот не е географски многу оддалечен, но има искуство со нелегално оружје од времето на распадот на поранешна Југославија. Во последниве години малото илегално оружје е дел од насилни кривични дела. Она што денес се случува во Украина покажува дека таму се истура огромна количина оружје со кое украинските сили треба да се соочат со агресијата, но искуството покажува дека тоа оружје ќе остане и десетици години потоа. Во иден период тоа оружје може да има и обратна насока, да се враќа онаму од каде што дошло, а Балканот секогаш е отворен за прием на оружје, вели Стојановски.

Во однос на регионот Стојановски вели дека може да има реперкусии. Секоја војна ги апсорбира оние кои се учени да живеат во војна, т.н. „кучиња на војната“, но тоа се опасни појави и се санкционирани во земјите во Европа. Тоа е реален ризик, вели Стојановски и додава дека ова предизвикува трајни последици и за луѓето таму.

-Војната во Украина мора да ја перцепираме и како ситуација која ќе рефлектира многу негативни појави и во иднина, вели Стојановски.

Тој вели дека Македонија не е податлива во смисла на регрутирање борци кои би се бореле во украинскиот конфликт. Но, други земји од регионот се податоливи и веќе има борци од регионот во Донбас. Но враќањето на тие луѓе назад и нивно вклучување во криминалните структури секако ќе има влијание и врз Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

six + fourteen =