Д-р Софијанова: Заканите вознемируваат, ама професионалците си ја работат работата

You must need to login..!

Опис

Прв пат ми се случува да сум просто запрепастена, бидејќи сепак сметав дека сме созреале повеќе во однос на таквиот тип на критики кој што го дожиеав од една апсолутно коректна изјава за Слободен печат, во која ниту барам, ниту кажувам дека ние треба да ги вакцинираме децата од од пет до 11 години, туку дека тоа е дел од нашите присуства на таквите вебинари каде што се дебатира од страна на луѓе кои имаат искуство на таа тема и кои тоа го применуваат во сопствените држави, од типот на САД, Велика Британија, Израел.

-Кога се појави омикронот јас бев во Израел на една тематика за менаџирање во здравствените системи во криза и имав прилика да видам како тој систем таму функционира, кога ќе се најде во одредена ситуација, каде некоја непознаница од типот на омикрон.

-Од 12 јануари на ниво на Интернационалните педијатриски асоцијации и Европската академија на педијатри препорачува вакцинација, бидејќи се смета дека децата знаат да бидат едни кај што се случуваат мутациите и појавата на варијациите да доаѓаат токму од нив.

-Мојата изјава не одеше во правец дека ние треба како политика во државата веднаш да го спроведеме. Тоа беше буквално што светот прави и на база на тоа се дигнаа толку многу луѓе и направија тоа што направија, изјави за Утрински брифинг директорката на Клиниката за детски болести проф. Д-р Аспазија Софијанова.

-Имате секакви луѓе. Идејата на некои од нив да тотално без никаква основа дебатираат и коментираат нешто, ниту имаат било каков беграунд на таа основа, дел се и со лажни профили, каде е цензурата на сето тоа. Мене нема да ме замолчат.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

four + three =