Д-р Сотирова – Бухова: Одлично се справивме со новонастанатата ситуација, но нема простор за опуштање – мерките мора да се почитуват

You must need to login..!

Опис

Почитување на протоколите и мерките кои ги препорача комисијата носи и покажува ефект. Но јас сѐ уште не сакам и не можам да кажам дека имаме терен за опуштање, затоа што не знаеме што понатака може да не очекува, изјави во Утрински брифинг Д-р Ирина Сотирова – Бухова.

ДЗСИ е орган кој го контролира спроведувањето на законите кои се во наша надлежност. Сите знаеме во каква состоба пандемијата го затекна нашето здравство. Располагавме со триесетина епидемиолози, околу 50 инфектолози, и со само четириесетина инспектори во Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Доколку земеме предвид дека овие специјализации биле маргинализирани во минатиот период здравствениот систем во многу брзо време се организираше во борбата со овој непознат немпријател, односно се направи целосна реорганизација на целиот медицински кадар и мислам дека апослутно одлично реагиравме во оваа новонастаната ситуација, вели Сотирива Бухова.

Работиме исклучиво на вонредни инспекциски надзори. Направени се околу 4.000 вонредни инспекциски надзори. Од наша страна издадени се 13.000 решенија за возачи шпедитери кои беа потребни во првиот момент кога настана пандемијата и кога се наметнаа првите мерки на рестрикција. Издадени се над 160.000 решенија на лица позитивни на Ковид-19 и лица – контакти. Значи работата е зголемена во однос на работата од претходните години, вели Бухова.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seven − 3 =