🎥 Д-р Солески: Примарното здравство многу добро се справи со првиот налет на КОВИД-19

You must need to login..!

Опис

Пандемијата од КОВИД-19 го смени лицето и начинот на општата медицина. Овој период е тежок за работа како семеен матичен лекар но мислам дека генерално и примарното здравство, кое што е многу важен сегмент во здравствениот систем, во овој период многу добро се справи со оваа ситуација.

-На почетокот контактите беа многу лимитирани – видео консултација, меил и на тој начин ги одрживме консултациите. Но со намалување на рестриктивните мерки ние започнавме со користење на целосна заштитна опрема да извршуваме прегледи, изјави за Утрински брифинг Д-р Кирил Солески, здравствена установа СеМед.

-Се уште постои препораката дека треба прво телефонски да утврдиме за степенот на проблемот. Потоа може и на електронски начин, но доколку е потребно ние сме отворени за преглед, консултација, особено за возрасните пациенти со хронични заболувања, коморбитети.

-Заштитната опрема која е потребна за преглед на пациент кој што има знаци на КОВИД-19, навистина многу го оптовари буџетот на здравствените установи на примарно ниво. За жал ние како здравствени установи во многу мала мера добивме некаква помош.

-Има граѓани кои ги почитуваат мерките, има дел кои не го прават тоа и затоа не можам да дадам генерална оценка. Сметам дека и понатаму треба да се пренесуваат пораките како да се сопре вирусот од понатамошно ширење, вели Д-р Кирил Солески.

Целиот разговор со Д-р Кирил Солески погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 − 13 =