🎥 📞 Д-р Солески: Имаме добри мерки и сметам дека добро се справуваме со кризата

You must need to login..!

Опис

COVID-19 е респираторно заболување и примарниот пат на пренесување е преку директен контакт од човек на човек и преку директен контакт со респираторни капки генерирани кога заразено лице кашла или кива.

Со неодамнешните истражувања направена е проценка за опстанокот на вирусот COVID19 на различни површини и објавено е дека вирусот може да остане одржлив до 72 часа на пластика и нерѓосувачки челик, до четири часа на бакар и до 24 часа на картон. Но, ова истражување е спроведено во лабораториски услови (контролирана релативна влажност и температура) и треба да се толкува со претпазливост во животната средина.

За Утрински брифинг Д-р Кирил Солески изјави дека според стручните медицински лица, заштитната маска за превенција од Корона има ефект само ако правилно се применува. Ако не се испочитува редот како треба да се стави и потоа да се отстрани маската – може да биде повеќе штетно отколку и воопшто да не се користи маска.

Говорејќи за менталното здравје и балансот со физичкото, Д-р Солески вели дека стравот е сосема нормална појава кога се работи за една неизвесност и ние се обидуваме да го намалиме тој страв. Препорачуваме прво да не контактираат преку мобилен телефон, воспоставуваме видео линк и во период од 15-20 минути се обидуваме заеднички да го решиме проблемот.

-Генерално имаме добри мерки и сметам дека добро се справуваме со кризата, изјави Д-р Солески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × three =