🎥 📞 Д-р Скепаровска од Гинекологија Чаир: КОВИД-19 ја истакна емпатијата, трудниците да бидат двојно попретпазливи

You must need to login..!

Опис

Откако почна пандемијата има пренасочување на гинеколошките прегледи. Така што од почетокот на КОВИД-19 Гинекологија Чаир стана најголемото породилиште во државава, изјави за Утрински брифинг, д-р Кристина Скепаровска од Гинекологија Чаир.

Работиме со полни капацитети, жените се одлично згрижени. Имаме зголемен број на работа кое е зголемен за 40%. Нашата куќа има многу малку гинеколози и акушери што самото по себе наметна многу поригорозни начини на заштита. Целиот КОВИД ја покажа емпатијата која постои помеѓу колегите.

До сега не сме имале позитивен тест во болницата, што е одлично. Заштитен материјал имаме доволно вели д-р Скепаровска и додава дека доколку е потребен персонал постои принципиелен договор со Министерството за здравство и болниците да се помогне, како и препорака трудниците да внимаваат бидејќи во овој период е потребна двојна претпазливост.

-Мој совет е трудниците да прошетаат надвор, да користат велосипед, но да не се затвораат во теретани и фитнес центри.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen + one =